ВМРО-ДПМНЕ: Во Македонија владее епидемија на непотизам
Foto

ВМРО-ДПМНЕ: Во Македонија владее епидемија на непотизам

Епидемија на непотизам владее во Македонија. СДСМ го цеди буџетот и безмилосно ги троши парите на граѓаните за вработување сопруги, тетки, деца, братучеди, блиски и далечни роднини на партиските функционери.

Нема функционер на СДСМ кој што не си ја вработил целата фамилија по државната и јавна администрација. СДСМ ги користи последните моменти на власт за изигрување на законите и за згрижување на своите партиски активисти и полтрони.

Никој од СДСМ нема да се спаси од прекршување на законот. По 12-ти април следува обнова на Македонија, и тоа обнова која што ќе донесе рамноправност за сите граѓани, а не само привилегии за локалните и централните функционери на СДСМ и власта. - се вели во сооптението од опозициската партија.

0 Коментари

Остави коментари