ВМРО-ДПМНЕ: Власта ќе ја задолжи државата за над 53 милиони евра
Foto

ВМРО-ДПМНЕ: Власта ќе ја задолжи државата за над 53 милиони евра

,,СДСМ немилосрдно ја задолжува Македонија. Власта во вторник ќе ја задолжи државата за над 53 милиони евра.

Откако е СДСМ на власт не поминува масец без две три задолжувања.

Постојаното задолжување резултираше со скок на јавниот долг на над 5 милијарди евра.

И додека не запираат новите кредити кои со камата ќе ги враќаат идните генерации власта не гради ништо.

Парите наместо на капитални проекти одат за партиски вработувања и популистички мерки, кои немаат никаков ефект врз граѓаните.

Расипничките политики на Зоран Заев и СДСМ мора да запрат. СДСМ мора да си замине." - Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНE.

0 Коментари

Остави коментари