ВМРО-ДПМНЕ: Владата го осиромаши народот

Владата на антимакедонската СДС го осиромаши народот, потрошувачката кошница не ја покриваат две минимални плати, основните продукти поскапи и за 50%, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

Ситуацијата за поголемиот дел од народот дополнително ќе се влоши од есен, со почетокот на грејната сезона и скапите сметки за струја и парно, кои се високи затоа што власта не произведува доволно струја и плаќа скап увоз, и затоа што не набави на време гас. Народот пати затоа што владата на антимакедонската СДС не работи, туку прави криминал – се наведува во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.