ВМРО-ДПМНЕ: Венко Филипче нема желба да ја слави независноста на Македонија, но затоа со еуфорија ја слави бугарската победа на Евровизија

ВМРО-ДПМНЕ го обвини лидерот на СДСМ, Венко Филипче, за анти-македонски ставови, откако тие изјавија дека тој ја прославил победата на Бугарија на Евровизија. 

Веројатно доколку за независноста Филипче не е на екстра продолжен викенд до Дубаи, на приватна журка со Харис Џиновиќ, во Рим, Франкфурт или на луксузна јахта на Халкидики со Зоран Заев, тогаш ќе продолжи со слугувањето на бугарските интереси како послушен пиун на Румен Радев.

Филипче потврди дека по стапките на Заев е спремен на се, само за да дојде на власт.

Со прифаќањето и потпишувањето на капитулантските договори, Заев почна да го брише терминот „македонски“, додека Филипче чувар на заевата фотелја во СДС, спремен е да ја впише непостоечката и навредлива за нас Македонците придавка, „северномакедонски“.

Филипче и СДС го кочат напредокот на реформската агенда, преку блокирање на работната група за Изборниот законик.