ВМРО-ДПМНЕ: Веледрогерии блиски на СДСМ причина за недостиг на терапија на Онкологија

Јавноста треба и заслужува да ги знае причините за тоа зошто има недостаток на потребната терапија на Онкологија. Причината е многу јасна и многу провидна. Се работи за една иста мафија на смртта, која од тешката болест на луѓето профитира и прави бизнис, додека континуирано истите веледрогерии добиваат политичка заштита од политички структури, блиски до СДС и ДУИ, велат денеска од ВМРО-ДПМНЕ.