ВМРО-ДПМНЕ утре ќе ја промовира изборната програма

ВМРО-ДПМНЕ утре ќе ја промовира изборната програма. Партијата веќе ги комплетираше имињата на носителите на листите. Како што потврди вчера Александар Николоски, генералниот секретар на партијата, Ѓорѓија Сајкоски ќе биде носител во ИЕ5, со што се комплетира листата на носители. Во првата изборна единица носител ќе биде лидерот Христијан Мицкоски, во ИЕ2 потпретседателот на партијата Владо Мисајловски, во ИЕ3 Драган Ковачки, во ИЕ4 потпретседателот Александар Николовски, а во ИЕ6 Дафина Стојановска.