ВМРО-ДПМНЕ: Судството и Обвинителството работат по диктат
Foto

ВМРО-ДПМНЕ: Судството и Обвинителството работат по диктат

„Целиот процес поврзан со случувањата на 27-ми април е политички монтиран и мотивиран. Пресудите се драконски и нарачани од ликови како Заев и Пендаровски кои сопствениот очај го лечат со одмазда кон сите кои мислат поинаку и не се согласуваат со нивните антидржавни политики. Судот противзаконски ги определи и притворите на обвинетите во случајот 27-ми април. Правен преседан од светски рамки е да се определува притвор, при важечка гаранција“ велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата со став дека „Судот постапи спротивно на член 144 став 2 од ЗКП, кој вели дека судот може да определи две мерки, освен кога определува притвор. Законот е јасен, притворот за Митко Чавков и останатите лица кои претходно имаа изречено мерка за обезбедување присуство – гаранција е незаконски. Обвинетите со ниту една постапка, во ниту еден момент не биле недостапни за судот. Дел од нив имаат високи гаранции кои го опфаќаат целиот нивен имот, тие се семејни луѓе со деца, сопруги и стари родители. Мерката притвор е целосно незаконска и неоснована“.

Кацарска судството и Русковска обвинителството целосно ги извршуваат нарачките на Заев, кој преку правосудството врши политички прогон врз неистомислениците. Постапката против десетици македонски припадници на безбедносните сили и патриоти е неаргументирана и без докази. Во пресудата исчитана од Русковска немаше елементи на кривичното дело тероризам, ниту докази за поврзаноста и причинско последичните врски помеѓу делото и обвинетите. Пресудата е чист политички памфлет на лик на соопштенијата на СДСМ“ - обвинуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

 

0 Коментари

Остави коментари