ВМРО-ДПМНЕ со 40 амандмани го заштити зголемувањето на платите, зошто Трендафилов молчи за фактите од 2024 година?
ВМРО-ДПМНЕ ја обвини СДСМ дека во 2024 година со Демократска унија за интеграција предложиле измени со кои минималната плата ќе се изземела од формулата за пресметка на платите во јавниот сектор.
Според партијата, тоа ќе го прекинело линеарниот раст на останатите плати и ќе ги ослабело заштитните механизми за работниците. Велат дека како опозиција поднеле над 40 амандмани за да го спречат решението и да ја задржат минималната плата како основа. Посочуваат дека денес, со растот на минималната плата, растат и другите примања. Од ВМРО-ДПМНЕ тврдат дека остануваат на страната на работниците и дека обезбедиле повеќе зголемувања во јавниот сектор.

