ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ паѓа, тоа му е јасно и на Зоран Заев
Foto

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ паѓа, тоа му е јасно и на Зоран Заев

„СДСМ паѓа, тоа му е јасно и на Зоран Заев.

СДСМ паѓа заради младите кои забрзано ја напуштаат државата и заминуваат во странство, да работат и живеат.

СДСМ паѓа заради сите неправди и сиромаштијата во која ги втурнаа граѓаните.

СДСМ паѓа затоа што затвораат и малтретираат недолжни граѓани.

СДСМ паѓа затоа што ги изневери граѓаните.

Зоран Заев е во калта. Колата наречена СДСМ е тргната низ удолница од која нема враќање.

ВМРО-ДПМНЕ ќе ја формира следната влада за обнова на Македонија.

ВМРО-ДПМНЕ гаранитира стандард и успеси за Македонија и нејзините граѓани.

Ќе има повисоки плати и сигурност за вработените.

ВМРО-ДПМНЕ ќе овозможи подобро здравство, образование и наука.

Сплотени и со чиста мисла Македонија мора да се крене од пепелта.

Ќе ја обновиме Македонија. Ќе обновиме се и ќе ја поставиме државата на здрави темели. Потребно е СДСМ и Зоран Заев да си заминат во историјата.“ -  се вели во соопштението на партијата.

0 Коментари

Остави коментари