ВМРО-ДПМНЕ: СДС сервилна талка без цел, ниту за партијата, ниту за државата

Од ВМРО-ДПМНЕ обвинија дека СДСМ е „дезориентирана и без визија“, со конфузни и контрадикторни ставови. Според партијата, СДСМ, предводена од ВЕнко филипЧЕ, а „под менторство“ на Зоран Заев, нема стратегија ниту за партијата ниту за државата. 

Од ВМРО-ДПМНЕ тврдат дека раководството, меѓу кои и Оливер Спасовски, Јованка Тренчевска и Јон Фрчкоски, избегнува одговорност и го штити Артан Груби. 

Партијата порача дека на државата ѝ е потребна одговорна опозиција и функционирање на институциите, при што секој што го прекршил законот треба да одговара.