ВМРО-ДПМНЕ: СДС молчеше за милионите од прославата на НАТО фестот, името и ОБСЕ самитот кои завршија во Дубаи и на луксузни јахти

Реакција од ВМРО-ДПМНЕ. За разлика од СДС и нивниот начин на владеење, Владата на ВМРО-ДПМНЕ е целосно транспарентна. Разликата е евидентна – реагираа од владејачката ВМРО-ДПМНЕ. СДС молчеше за тоа каде завршиле парите од организација на НАТО фестот, прославата за промена на името и ОБСЕ самитот, а народот тоа многу јасно може да го види во луксузните јахти на Заев и Филипче, висококатниците во Дубаи и скапите турбофолк забави со Харис – пишува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ во кое наведуваат дека парите за прославата за независноста се транспарентно објавени.