ВМРО-ДПМНЕ: СДС и Филипче треба повеќе да работат за Македонија, отколку да кодошат во Бугарија

ВМРО-ДПМНЕ денеска преку прес-конференција на членот на Централниот комитет Валентин Манасиевски упати остри критики кон Социјалдемократски сојуз на Македонија и лидерот Венко Филипче, обвинувајќи ги дека „повеќе кодошат во Бугарија отколку што работат за Македонија“.

Манасиевски изјави дека СДСМ и Филипче, според него, немаат поддршка од граѓаните и затоа „се свртеле да одработуваат за странски држави и партии“.