ВМРО-ДПМНЕ: Русковска е олицетворение на неправдата

„Вилма Русковска е олицетворение на неправдата во Република Македонија. Симбол на политичкиот прогон на неистомислениците на власта и синоним за амнестија на криминалот на Заев и врхушката околу него. Со скандалозниот телевизиски настап Русковска уште еднаш ја потврди тесната врска со СДСМ и Заев“ велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата со став дека „Русковска чекорејќи по стапките на Заев со ноторни лаги се обиде да изработи за власта. Правната држава Зоран Заев ја укина денот кога седна во владата и кога под целосна контрола го стави правосудниот систем во државата. Во првите неколку месеци од своето владеење си одработи амнестија за земање на поткуп од 200 илјади евра од струмички бизнисмен за потоа да го започне прогонот на оние кои први го кренаа гласот против оваа ненародна власт“.

„Заев „го отвори правосудството како пупка“ по што 10-тици криминални тендери и грантови поминаа неказнети, а општиот грабеж на народните пари продолжува и до ден денес. Со Русковска обвинителството неказнет ќе помине и рекетот, најголемата криминална афера во македонската историја, вториот октопод на СДСМ чија глава е токму Зоран Заев. Русковска од првиот ден прави се за истрагата да не стигне до главата на октоподот. Истата да се одолговлече, доказите да бидат уништени, сведоците заплашени. Но одговорност ќе има“ - велат од ВМРО-ДПМНЕ.