ВМРО-ДПМНЕ: ПУШТАЊЕТО НА ЈАНЕВА ТЕАТАР НА ВЛАСТА

Одлука на Апелација екс шефицата на СЈО Катица Јанева од затворската ќелија во Шутка да замине дома – за опозицијата е исцениран театар – власта конкретно не ја коемнтира, но премиерот повторува дека принципиелно е против притворот како казна.

Од најголемата опозициска партија пак немаат дилема – замената на затворската ќелијата во Шутка со куќен притвор на Јанева тврдат е смислено сценарио.

„Алијансата за Албанците остро реагира на одлуката на Апелациониот суд, кој ја прифати жалбата на поранешната обвинителка Катица Јанева, дозволувајќи да биде на куќен притвор. Нагласуваме дека имало десетици случаи на албански затвореници за политички монтирани случаи, против кои истиот суд одби да ја изрече мерката куќен притвор. Ова е нашиот правосуден систем кој често работи на двојни стандарди, што е истовремено и најтемната дамка на нашето општество.“ - Алијанса за Албанците.

Премиерот Заев пак се повика на извештајот од Прибе – вели политичарите треба да избегнуваат да ги коментираат судските постпаки. Заев одби да ја коментира и СМС - пораката и изјавите на Вилма Русковска.

За ДУИ и последниот случај е само уште еден доказ зошто е потребен итен ветинг кај сите функционери, идеја што велат во изминатиов период ја прифатија и двете најголеми партии во македонскиот блок.

Заев и Мицкоски на јавна сцена повеќе пати во текот на преговорите си пратија пораки околу Вилма Русковска – дали треба или не да биде на чело на новото обвинителство за организиран криминал и висока корупција.