ВМРО-ДПМНЕ: Продолжува партизацијата на општеството
Foto

ВМРО-ДПМНЕ: Продолжува партизацијата на општеството

„Нема крај на партизацијата која што оваа црна власт не ја спроведува во македонското општество. Нема крај на девастацијата на Република Македонија која што однародените за една намена нема да ја предизвикаат. Пред неколку дена од тука на прашање од јавноста изразивме сомнеж дали изборот за член на Судскиот совет не е завршен пред време, односно дали не се чува место за Лорета Георгиева од Струмица? И покрај тоа бесрамно беше истуркан изборот на судијката Лорета Георгиева. Имено станува збор за судијка, сопруга на првиот човек на Зоран Заев во Струмица“. Ова на денешната прес-конференција го соопшти портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски.

Тој излезе со став дека „Ова е очигледна надоградба на нарачаното „Кацарска судство“ и нарачаното „Рускоска обвинителство“ во Република Македонија. Очигледна е задачата, по партиски налог да се казнува и да се разрешува. Задача на Судскиот совет, за појаснување е да избира, унапредува и разрешува судии во сите степени на судството во Република Македонија“.

„Ова не е прв скандал на СДСМ, на судството во пупките на СДСМ, поврзано со изборот на сопругата на пријателот на Заев, судијката Лорета Георгиева. Дека нејзиното напредување во кариерата се должи единствено на тоа што е сопруга, потврдуваат и написи и оценки од минатото, кога со судството и Советот раководеше и ги тресеше, Ленче Софрониевска. И тогаш, токму на инсистирање на Заев како нов градоначалник на Општина Струмица и на Цветанка Иванова, тогаш висок партиски функционер, и пратеник на Републичкото Собрание само таа, сопругата на компањонот на Заев морала да биде избрана за судија. И затоа сега, ќе ја прочитам тогашната оценка на проф. Ѓорѓи Марјановиќ кој за изборот на Лорета Георгиева напиша, „Има ли нешто попонижувачко за една жена, некој да сака да ја направи судија не заради нејзините стручни квалитети туку затоа што му е сопруга на човек кој му помогнал на некој си Зоран Заев да стане градоначалник на Струмица“?“ - изјави Стоилковски.

0 Коментари

Остави коментари