ВМРО-ДПМНЕ предложи резолуција за осуда на манипулациите на опозицијата и за потврда на политиките против нелегалната миграција
По најавената резолуција на опозицијата - власта најавува контра- резолуцијата со која како што велат од ВМРО-ДПМНЕ ќе биде потврда на нивните политики против нелегалната миграција. Резолуцијата како што рече пратеникот Никола Мицевски ќе биде составена од 9 точки во кои меѓу другото ќе се осудат дезинформациите за наводни кампови низ Македонија.
Контра-резолуцијата на ВМРО-ДПМНЕ за СДСМ е потврда на власта дека има договор за мигранти за пари - кој во форма на Резолуција ќе ја верификуваат во Собранието.
СДСМ соопштение
- Во текстот на контра- резолуцијата се вели следното:“Резолуцијата воспоставува јасна државна политика против нелегалната миграција и стапува во сила веднаш по нејзиното изгласување. Тука има игра на зборови, обид за поинакво дефинирање на мигрантите. Не постојат легални и нелегални мигранти. Постојат само мигранти кои ги напуштиле своите домови и избегале во други земји
Премиерот Мицковски пак смета дека обвинителството треба да се позанимава со СДСМ за изјавите дадени за мигрантите со кои создаваат страв и паника кај граѓаните
Темата за мигранти во Македонија се отвори откако британските медиуми објавија дека се преговара - за нелегалните мигранти и за оние кои се одбиени за азил. Македонија е транзит држава. За време на бегалско- мигрантската криза поминаа речиси 1 милион бегалци.

