ВМРО-ДПМНЕ: Преамбулата ќе претрпи сериозни промени, но малцинствата ќе добијат исти права

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ ја менува реториката. Забетонираните ставови за Уставот попуштаат - за партискиот лидер Мицкоски хрватскиот модел е сосема прифатлив за да се земе како урнек за промена на македонскиот устав.

Ваквиот предлог стигна и од штабот на ВМРО-ДПМНЕ. Според нив, со прифаќањето на овој модел, преамбулата ќе претрпи сериозни промени, но малцинствата ќе добијат исти права како и македонскиот народ.