ВМРО-ДПМНЕ поднесе кривична пријава за специјализираното возило со противпожарна скала

ВМРО-ДПМНЕ денеска поднесе кривичен пријава во Јавното обвинителство за злоупотреба на службена должност и судир на интереси, за набавката на специјално протипожарно возило со скала од Град Скопје. 

Опозицијата обинува дека Град Скопје преку спорна набавка за возилото платил 1,7 милиони евра за скалата, преку фирмата „Армор плус“, и дека во оваа зделка е вклучен и зетот на секретарот на Град Скопје. Велат дека Град Загреб набавиле исто такво возило за 800.000 евра плус ДДВ, а Град Скопје ја плаќа дупло повеќе. Денеска од Град Скопје немаа никаква реакција за обвинувањата. 

Набавката за возилото од Град Скопје за потребите на противпожарната бригада под лупа на Антикорупциска, по пријава на градоначалникот Шилегов. Антикорупционерите ќе истражуваат дали има конфликт на интереси во набавката. Шилегов истакна дека скалата не е иста како загребската, туку била со дополнителна опрема и дека градски пари не се прелеваат на сметка на фирмата „Армор плус“ и дека оттука не постои конфликт на интереси.

Од противпожарната бригада на град Скопје велат дека возилото е потребно за потребите на бригадата и е купено по нивна препорака.