ВМРО-ДПМНЕ поднесе кривична пријава за специјализираното возило со противпожарна скала

ВМРО-ДПМНЕ  во јавното обвинителство поднесе кривична пријава  за случајот со набавката на специјализираното возило со противпожарна скала.

Опозицијата обвинува дека градот преку спорна набавка платил 1,7 милиони евра  преку фирмата „Армор плус“, двојно повеќе од набавната цена. За случајот постапка отвори и Антикорупциската комисија по пријава на градоначалникот на град Скопје Петре  Шилегов.

Од противпожарната бригада на град Скопје и градските власти уверуваа дека возилото е потребно за потребите на бригадата и е со дополнителна опрема која чини поскапо.