ВМРО-ДПМНЕ побара од Димова јавно да ги објави ранг листите на добитници на проекти

Зошто Лидија Димова не ги објавува ранг-листите на проектите да видиме кој правен субјект со својот проект со колку бодови ги добил парите? - праша денеска ВМРО-ДПМНЕ.

Една недела по излегувањето на скандалот со сомнеж за злоупотреба на пари во националната агенција, со која раководи лидија димова, сè уште нема никаков потег од страна институциите, велат од партијата.