ВМРО-ДПМНЕ : Оставка од министерката за култура - ни кажа дека живееме во „орвеловата 1984“

Голема гротеска. Вака режисерот Илија Каров за телевизија 24 ја оцени изјавата на министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска – уметниците да творат попозитивно. Тој вели дека културата е веќе политизирана и ако почне да им се наметнува на независните творци каков смер да водат - тоа нема да води никаде.

Илија Каров, режисер – Изјавата ја доживувам многу гротесктно, од проста причина што уметниците се најслободната категорија во едно општество.

Вакви генерални изјави, никако не реагираат добро на културата во Македонија, напротив мислам дека влијаат многу лошо. Мене лично во животот не успеале ме цензурираат ниту мајка ми, ниту татко ми, ниту мојата сопруга, што значи ниту најблиските . Така што не може ниту да ме цензурира, ниту да ме насмери ниту една жива сила, освен мојот авторски креативен концепт.

А ВМРО ДПМНЕ денеска бараше оставка од министерката за култура – бвелат дека се срами и ја цензурира сопсствената култура. Според портпаролот Арсовски – Стојчевска на граѓаните им кажала дека треба да се живее како во Орвеловата „1984“, цензурирано.

Димче Арсовски ВМРО ДПМНЕ – Вели да се пишувале само комедии, најголема комедија во оваа држава е СДСМ. А таа комедија СДСМ, најголемата трагедија ја нанаесува на Република Македонија. Срамно и бедно. После ваков скандал, Стојчевска треба да си поднесе оставка, бидејки министерка што се срами и ја цензурира сопствената култура, не може да биде министерка на Макеоднија.

Од владата пак порачуваат дека министерката за култура одлично го води ресорот – појаснија дека ниту изјавата, ниту намерата на Костадиновска Сојчевска не е цензура, напротив велат - слободата на уметникот е неприкоснована.

Влада на РСМ - Министерката за култура Костадиновска Стојчевска успешно го води ресорот и ја има целосната поддршка на Владата. Во врска со нејзиното интервју на кое реферирате, таа во вчерашната појасни дека воопшто не станува збор за цензура. Намерата на изјавата апсолутно не е да се насочува или ограничува, напротив, интенцијата секогаш била и ќе биде поддршка на слободната мисла и изразување.

Стојчевска вчера ретерираше од првичната изјава каде им порача на уметниците да го орасположат народот и да се ослободат од историјата . Преку фб статус напиша дека и жал - ако повредила нечии чувства и дека нејзината иненција секогаш била слободата на изразување.

Колку потпишаниот Протокол со Бугарија допрва ќе прави импликации поради говорот на омраза и барањата за историјата – не е јасно, но едно е јасно – отвори дилеми во јавноста што Се спаѓа во говор на омраза и повредени чувства кон соседот.