ВМРО-ДПМНЕ: Oдморалиштето Пониква се дава на располагање како резултат на стручна проценка на лекарите и на барање на пациентите
Оценките на СДСМ за ставање на располагање на одморалиштето Пониква за потребите на повредените од несреќата во Кочани, освен тоа што се паушални и злонамерни, се во исто време и дегутантни затоа што решија да прават политика и од ова прашање, реагираат од ВМРО ДПМНЕ. Ставањето во употреба на одморалиштето беше проценка на стручен здравствен тим од лекари на Министерството за здравство, а меѓу другото е и барање на самите пациенти, велат од ВМРО ДПМНЕ.