ВМРО-ДПМНЕ: Од кого се плашат институциите да го отворат случајот со синот на Талат Џафери?

ДКСК се прави ненадлежна, молчат од Министерството за правда, молчат од Академијата за судии и обвинители,  молчи Талат Џафери, молчи Владата. Сите се прават недоветни и ја убедуваат јавноста дека може да се изгради кров на куќа без да се стават темели“, велат од ВМРО-ДПМНЕ во партиското соопштение коментирајќи го случајот со синот собранискиот спикер Талат Џафери, кој полагал праводуден испит пред да стекне соодветно образование

Од кого се плашат институциите да зборуваат и да го отворат случајот со синот на Талат Џафери кој полагал праводуден испит пред да стекне соодветно образование, прашува опозициската ВМРО-ДПМНЕ преку писмено соопштение, додавајќи оти институциите не реагираат на очигледната неправилност.