ВМРО-ДПМНЕ очекува повлекување на номинацијата на Фрчкоски за амбасадор во САД
Foto

ВМРО-ДПМНЕ очекува повлекување на номинацијата на Фрчкоски за амбасадор во САД

Љубомир Фрчковски не може да биде амбасадор на земјава во САД, соопштија од ВМРО-ДПМНЕ, по објавувањето на информациите дека САД не дале согласност за упатување на Фрчкоски за амбасадор во Вашингтон.

„На ранг на дипломатски скандал е што владата мислеше дека домат-дипломатијата на Заев – димитров може да направи пробив со скандал мајстор како Љубомир Фрчковски. Уште поскандалозно е што заев останува во потрага по нова функција на Фрчковски кој очигледно не е подобен за амбасадор, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

По истекот на мандатот на последниот амбасадор Васко Наумовски, Македонија веќе три години нема амбасадор во Вашингтон.

0 Коментари

Остави коментари