ВМРО ДПМНЕ: Очајни обиди на талогот од СДС лагите да станат вистина
Реагираа и од ВМРО ДПМНЕ - граѓаните јасно ги имаат прочитано очајните обиди на талогот од СДС, но очигледно дека Фројд работи кај нив, па еве повторно да ја загушиме „бомбата’’ на СДС. Во март минатата година беше јасно соопштено дека вредноста на првата оспорувана набавка изнесувала речиси 40 проценти помалку од планираната вредност. Со тоа биле заштедени околу еден милион денари од парите на граѓаните, а опремата била навремено и квалитетно испорачана. За постапката не била поднесена ниту една жалба, реагираа од ВМРО ДПМНЕ.

