ВМРО-ДПМНЕ објави видео во кое Пекер признава дека се сретнал со Заев, владата демантира

Лидерот на најголемата опозициска парија, Христијан Мицкоски тврди дека турскиот наркобос, баран со меѓународна потерница - Седат Пекер имал лична средба со премиерот Зоран Заев.

На социјалните мрежи опозционерите објавија видео запис во кој Седат Пекер кој е актуелен и во случајот „Двојник“ со нелегалното издавање на патни исправи - вели како бил  на гости кај македонскиот премиер. 

„Ако некому не беше јасно зошто обичните службеници осудени во аферата “Мафија” се обично топовско месо со симболични казни, превземајќи ја вината од плеќите на одговорните во МВР? Зошто се судени само за злоупотреба на службената должност и членот 353, а не за фалсификување патни исправи, не за злосторничко здружување и никој не прави финансиска истрага? Одговорот на сето ова следи во видеото.“ - напиша Мицкоски на фејсбук.

Го познавам македонскиот премиер и сум бил на гости кај него. Ги познавам и лидерите од другите партии. - ова е дел од видео пораката на  Пекер – која ја разбранува јавноста.

 Од Влада демнатираат. А дали Зеав и Пекер лично се познаваат или не - не откриваат. 

„Претседателот на Владата немал средба со лицето за кое прашувате.“ - велат од Владата.

Турскиот наркобос е еден од 214 - те странски криминалци кои добиле фалсификувани македонски пасоши со туѓ идентитет. За што во земјава во тек е и судски процес. Досега во случајот „Двојник“ од 11 обвинети - 7 признаа вина, за останатите судењето продолжува утре. Највисоката казна која досега ја изрече судот е 2 години и 7 месеци, а максималната затворска казна предвидена за делото злоупотреба на службена положба е до 3 години затвор.