ВМРО-ДПМНЕ: Нема скандал, ниту криминал, а во тоа да не се вмешани Заев и Филипче

Партиите продолжуваат со меѓусебни обвинувања откако беа откриени повеќе од 40 тони марихуана. 

Од ВМРО ДПМНЕ велат дека нема скандал, ниту криминал, а во тоа да не се вмешани зоран Заев и Венко Филипче. 

„Венко Филипче лажеше дека не ги познава лицата дури и на телевизиско интервју кажа дека нема никаква врска со вистинскиот сопственик на фирмата „ЦБД Медплант“ и поранешен функционер на СДС, Тони Котев но фотографиите од нив двајца кои излегоа во јавноста тоа го демаскираа“, велат од владејачката партија.