ВМРО-ДПМНЕ: Нашата партија беше и мора да остане народна партија, а не дувло на криминалци, одродници и злосторници
Foto

ВМРО-ДПМНЕ: Нашата партија беше и мора да остане народна партија, а не дувло на криминалци, одродници и злосторници

оследиците од со години криминалниот начин на водење на партијата, узурпацијата на партијата од страна на фамилијата и нивните измеќари со цел енормно крадење и лично богатење, претварање на УБК во привата сопственост и сé друго, со сведочењето на слугата Нинџа, испливаа на површина во своето вистинско и најнегативно светло. Се случи ,,со свој камен по своја глава. Каменот кој дојде одблизу ја прикажа вистинската слика на алчните квази вмровци, на кои најбитни им биле удобните фотељи и полните џебови.

Жалиме за последиците кои во блиска иднина ќе ги трпиме сите ние како чесни членови на партијата, но истовремено сме среќни што исплива на површина грозоморното сценарио и злосторството кои го планирале и правеле квази патриотите монструми. И покрај фактот дека се работи за ,,нелуѓезаради доброто на државата, Фракцијата бара и очекува сите директни и индиректни учесници и соучесници во овој случај, да имаат фер судење и казните да бидат сразмено на стореното зло. Обидот под плаштот помирување да се даде амнестија на дел од учесниците во случувањата од 27 април во замена за гласање за уставните измени и промена на името, Фракцијата ќе го смета за ново злосторство и во иднина ќе поведе постапка за гонење на сите кои ќе учествуваат во истото.

Крајно време е да се надминат сите лични суети и недоразбирања и на иста страна да застанат сите оние политички субјекти, асоцијации, здруженија на граѓани и индивидуи кои не се согласија со Преспанскиот договор и не го дадоа својот глас на референдумот. Ова се последни часови за спас на Македонија и ВМРО ДПМНЕ.

0 Коментари

Остави коментари