ВМРО-ДПМНЕ: Наместо датум за почеток на преговори, Советот на министри на ЕУ испорача ладен туш за корумпираната Влада
Foto

ВМРО-ДПМНЕ: Наместо датум за почеток на преговори, Советот на министри на ЕУ испорача ладен туш за корумпираната Влада

„Наместо датум за почеток на преговори, советот на министри на ЕУ испорача ладен туш за корумпираната влада на Зоран Заев. Не е доволно само да се распродадат националните интереси и да се промени името кога земјата ја водат криминалци кои се неспособни да спроведат реформи. На ЕУ не и требаат преговори со аболицирани политичари кои се живи фатени како бараат мито од едно евро по метар квадратен“. Ова денеска го соопштија од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата со став дека „Повеќе земји членки, докажани пријатели на Македонија, биле против доделување на датум. Може да се разбере нивниот револт кон катастрофата наречена Заев, но не може да се оправда казнувањето на државата и народот заради неспособноста и корумпираноста на Заев и картелот околу него. Од бриселските ладни тушеви настинува народот, а Заев мува не го лази“.

„Заев знае многу одамна дека Македонија со него не добива датум, но повеќе му е од корист да лаже и манипулира. Заев лаже затоа што за него пари се во прашање. Македонија само стагнира и ниже неуспеси“ - велат од ВМРО-ДПМНЕ.

0 Коментари

Остави коментари