ВМРО-ДПМНЕ: Над 60 проценти од Македонците би излегле на референдум

Од опозициската ВМРО-ДПМНЕ велат дека над 60 проценти од Македонците би излегле на референдум, а обврска е тој да се случи со цел народот да може да го каже својот став.

Повикаа уште еднаш власта да не се плаши и да прифати референдум заедно со предвремени претседателски и парламентарни избори.