ВМРО-ДПМНЕ на седница на ИК со став за предвремени избори, уставни измени не се опција
ВМРО ДПМНЕ вечерва на извршен го реафирмира ставот за одржување на предвремените парламентарни избори кои ги бараат како резултат на актуелната политичка ситуација . Лидерот на партијата Мицковски го свикува ова тело откако беше прекината седницата за уставните измени во законодавниот дом во петокот . И во своето последно обраќање првиот опозиционер посочи дека земјата е во сериозна политичка и економска криза и дека единствен излез за тоа гледа во предвремените парламентарни избори на кои откако како што рече ќе победеле ќе изнесат и нов патриотски предлог за земјата да може да ги продолжи евроинтегративните процеси . И денеска изнесоа низа причини поради кои сметаат дека треба да се иде на предвремени избори .
Во меѓувреме пак вчера во телевизиско гостување премиерот Ковачевски порача дека е спремен да си поднесе оставка но откако најпрвин ќе се изгласаат усдтавните измени . Посочи дека се уште не губи надеж дека ВМРО ДПМНЕ ќе се издигнат на надпартиските интереси во име на државните и граѓаните на Македонија .
По забелешки на опозицијата за тоа како собранискиот спикер Џафери ја водел седницата денеска се обрати и тој појаснувајќи дека се водел по деловникот кој му дозволува да ја прекине седницата додека да се обезбеди потребното мнозинство гласови .
Со поддршка за Џафери се јавија и од пратеничката група на СДСМ .
Предвремени избори веднаш по прекинувањето на седницата во петок побара и Павле Трајанов кој пак вчера на пресконференција посочи дека ќе бараат од шефицата на ЕК Фон Дер Лајен да побара од Бугарија да ги спроведе одлуките на Меѓународниот суд за човекови права во Стразбур, и да дозволи регистрација на здруженијата на Македонците во Бугарија .
Она што останува познато е дека и по прекинувањето на седницата за уставните измени нема 80 гласа за тие да можат да се гласаат . Партиските матрици и тврдења остануваат не променети откако Мицковски и вчера тврдеше дека нема да потклекнат под никаков притисок а пак Ковачевски е оптимист дека до ноември се уште иума време да се обезбеди потребното дво тртетинско мнозинство гласови . До тогаш останува најпрвин пратениците да се вратат од одморот кој го прекинаа само поради седницата за уставнио измени .