ВМРО-ДПМНЕ на протест

И денеска опозициската ВМРО-ДПМНЕ излезе на протест против, како што велат, поради погрешните политики на владата предводена од Зоран Заев и СДСМ.

Протестот во Скопје се одржа пред владата, пред МНР и министерството за правда. На овие протести на опозицијата се бара оставка од премерот Зоран Заев, но се побара и повлекување на специјалниот владин претставник за Бугарија, Владо Бучковски. Освен во Скопје, протести се одржуваат и во други градови во земјава.