ВМРО-ДПМНЕ на митинг во Битола

ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата вечерва одржаа предизборен митинг во Битола каде пред граѓаните се претставија кандидатите за градоначалник Тони Коњановски и советниците.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски пред битолчани кажа дека се повеќе луѓе својата среќа ја бараат надвор од Македонија.  Тој истакна дека ова не се обични избори, не се само избори за градоначалници, за советници во општинските совети. Туку дека  граѓаните ќе одлучувате во која насока ќе се движи државата. 

Кандидатот за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ Коњановски истакна дека одлучил да влезе во борба за Битола, но оти за тоа му треба поддршка од граѓаните. 

Претходно денеска коалицијата „За обнова на Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ имаше митинзи и средби со граѓаните во Демир Хисар, Могила..