ВМРО-ДПМНЕ ќе побара гласање за доверба на владата

Владејчката коалиција ќе мора да ги усогласи ставовите пред гласањето на доверба на владата во Собранието кое опозицијата  го најави веднаш по истекот на 100те дена од изборот на новата влада, односно по 9 декември.

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николовски рече дека барањето за гласање на доверба на владата опозицијата ќе го пушти во собраниска процедура веќе наредната недела.