ВМРО-ДПМНЕ ќе ги тужи вработените од поранешното СЈО

Христијан Мицкоски ќе ги тужи екс вработените во СЈО за злоупотреба на 4,6 милиони евра.  Од партиското седиште ваквите наоди ги темелат врз  оние на ДЗР кој во извештајот бележи нерегуларности во доделувањето на бонусите. Партиската комисија велат е задолжена ова да го тера институционално и да ги подготви тужбите. 

Оваа најава од  опозиционерите стигна по синоќешниот состанокок на ИК на партијата. Сепак два дена откако ВМРО ДПМНЕ ја отвори темата за можен импичмент за шефот на државата, денеска од партијата на Мицкоски, воопшто не ја спомнуваат таа опција. Само повторија дека одлуките на Пендаровски за вонредните сосотојби нема да ги гласаат. Тв 24 вчера пресмета ако ВМРО-ДПМНЕ реши да бара разрешување на Пендаровски за да почне постапка им фалат цели 36 гласа. 

Вонредните состојби кои според устав треба да ги потврди собранието стојат во фиока. И на валста и недостагаат гласови – 18.  Од Бихаќка и денеска нема одговор како ќе ги обезбедат само велат.  

„Односот на ВМРО-ДПМНЕ е несериозен. „Процедурите во собранието мора да продолжат. Преседателот на Парламентот е должен да ги достави одлуките за вонредна состојба до пратениците, бидејќи тие треба да расправаат по нив.“ 

Од албанскиот опозициски блок пак дел од партиите на став  дека некои од вонредните состојби заслужуваата потврда, но некои не. 

Во очекување каков ќе биде резултатот од математичките  пресметките во потрагата по потребните гласови, остануваат дневно партиските препукувања од партиските седишта а од собранието за сега нема најава кога ќе продолжи седницата на која беа ставени на разгледување 5 те вонредни состојби кои ги прогласи шефот на државата, а за кои и уставниот суд се изјасни дека нивното прогалсување не е спорно.