ВМРО-ДПМНЕ ќе ги повлече сите амандмани на Законот за државјанство

„На политиканството и лицемерните игри на Заев и СДСМ на сметка на граѓаните и стопанството, им нема крај. Оттука, ние како пратеници на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата, целосно го осудуваме инженерингот на Заев и СДСМ. Свесни за недостигот на искрена желба за брзо решение, но и за критичниот момент во кој што се наоѓаат Македонија, граѓаните и стопанството, ќе ги повлечеме сите амандмани на Законот за државјанство се со цел конечно да се изгласа петтиот пакет на мерки за помош на граѓаните и стопанството. Дури и во вакви моменти, кога над 55 илјади граѓани останаа без работа и едвај врзуваат крај со крај, кога македонската економија е на колена и илјадници компании се затворија, Заев и СДСМ без око да им трепне покажуваат огромна неодговорност и негрижа за граѓаните и стопанството“ изјави на прес-конференција меѓудругото Никола Мицевски, координатор на ВМРО-ДПМНЕ во Собранието на Република Македонија.