ВМРО-ДПМНЕ ја промовира партиската програма, листите дополнително

Утре ВМРО-ДПМНЕ ја промовира партиската програма – фокус на економијата, образованието и здравство, антикорупција и демографија, меѓународна политика. Мицкоски следната недела ги затвора листите и коалициите. 

Она што официјално е познато е дека Мицкоски ја носи единицата, Мисајкловски двојката, Ковачки тројката, Николовски четворката, Сајковски  петката и Стојановска во шестката.

Очекувањата од ВМРО-ДПМНЕ се дека речиси сите пратеници од актуелниот пратенички состав ќе влезат на листите. Мицкоски преговара и со Стојанче Ангелов, но и со Павле Трајанов, но според информациите не нуди пратенички места. Од ВМРО-ДПМНЕ денска со критики за листите на СДСМ.