ВМРО-ДПМНЕ ја поднесе предлог одлуката за разрешувањето на Филипче - Џафери ја одби

Напуштањето на денешната седница е епилогот од барањето на опзоииционерите. Собранието да ја констатира оставката на министерот за здравство Венко Филипче.

Откако најпрво собранискиот спикер не им ја прифати одлуката за рзрешување, но и премиерот Зоран Заев, не ја достави оставката, која ја понуди министерот за здравство, за да биде констатирана.

Опозиционерите и порачаа на власта дека прави фингиран театар и дека не сака да понесе одговорност за смртта на 14 луѓе.

Совест не е да се обидувате да профитирате на смрта на болните во тертовската несреќа. Собранскиот спикер вели, совест не е да не си ја заработат, платата и да го закочат Собранието кое поради отсуство на двајца пратеници од мнозинството нема 61 глас. 

За мнозинството пак, пратениците од власта се покајале за обвинувањето на сметка на министерот за здравство.

Џафери не дозволи реплика на опзционерите за овие прозивки. Драмата во законодавниот дом почна откако ВМРО-ДПМНЕ утрово ја достави одлуката за разрешување на Филипче, поради неквалитено менаџирање со здравството, кое како што велат, предизвикало губење на 14 животи.

Првиот парламентарец им ја врати предлог одлуката како неуредна и им порача дека ја згрешиле процедурата. Собрансиката дебата околу заминувањето на министерот за здравство Венко Филипче дојде како последица на понудената оставка до премиерот Заев во петокот, за кој тој рече дека ќе одлучуи дали ќе ја прифати откако ќе заврши истрагата.

Опозицијата обвини за фингирана претстава, додека пак Заев со тврдење дека одговорност ќе има, но како што рече според утврдените факти.