ВМРО-ДПМНЕ ја поднесе предлог одлуката за разрешувањето на Филипче

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ денеска до претседателот на Собранието, Талат Џафери ја достави предлог одлуката за разрешување на актуелниот министер за здравство, Венко Филипче поради трагедијата во модуларната болница во Тетово.

Во предлог-одлуката меѓудругото се вели:

„Оваа предлог одлука ја поднесуваме поради непрофесионално, неадекватно и ненавремено справување со пандемијата од Ковид 19, ненавремено набавување вакцини, недостиг на кадар, нехумани услови. Ова разрешување наместо да биде оставка од морални причини поради трагичниот настак кој се случи во модуларната болница во Тетово, ќе биде разрешување по барање на народот“.