ВМРО-ДПМНЕ иницијатива за референдум
ВМРО-ДПМНЕ и официјално ја поднесе иницијативата во ДИК за референдумското прашање за укинивање на Законот за ратификација на договорот за пријателство, добрососедство и соработка меѓу Р. Македонија и Р. Бугарија.
Лидерот на партијата Мицкоски денеска во изјавата која ја даде за медиумите посочи дека напролет ќе бара со референдумот и предвремени избори но и дека нема да биде изненаден доколку иницијативата најде на опструкции со оглед на денешните но и вчерашните изјави кои ги изнесе државниот врв.
Од Бихаќка пак и денеска со порака до Мицкоски дека иницијативата не е од корист за преговорите на земјата со ЕУ и дека гледал само за своите лични ставови.
И шефот на државата Пендаровски одговарајќи на прашања на темата посочи дека е отворен за средба со Мицкоски. Она што следува периодот е собирање на првичните 100 потписи за да може иницијативата да влезе во собрание а откако ќе биде оценета како легитимна почнува втората фаза за собирање на 150 илјади потписи за да може да биде организиран референдумот кој пак за да успее потребни се 912 илјади гласа.