ВМРО-ДПМНЕ им даде рок на СДСМ да влијаат да се свика комисиска седница за законот за бранители
И додека Законот за бранители останува заглавен во Комисијата за социјална политика демографија и млади, поличките препукувања и надмудрувања продолжуваат.
Од ВМРО-ДПМНЕ ги повикаа пратениците од СДСМ да се потпишат на барањете упатено до претседателката на Комисијата Даути што поскоро да свика седница.
„Ова барање е јавно предложено до пратеничката Славјанка и очекуваме одговор дали пратениците на СДС ќе се потпишат на истото и дали доколку претседателката на комисијата Илире Даути не свика седница ќе поднесат барање за нејзино разрешување или интерпелација. Ја користам оваа прилика уште еднаш да ја повикам пратеничката Славјанка јавно да го соопшти ставот на СДС по однос на овој предлог. Во спротивно, пратениците на ВМРО-ДПМНЕ ќе го поднесат ова барање без поддршка и потписи од пратениците на СДС, со што практично ќе се види нивната вистинска намера за политизирање“, изјавија од ВМРО-ДПМНЕ.
ОД СДСМ велат дека многу се очајни маневрите на ВМРО-ДПМНЕ, кои наивно мислат дека може да се спасат затоа што ги излажаа бранителите на кои им ветуваа поддршка.
„Токму Претседателот на Собранието, Африм Гаши, инаку коалициски партнер на Мицкоски, се уште одбива да ја свика надлежната Комисија и да го стави на дневен ред Законот за бранители. Иако има обврска согласно Деловникот.Пратеничката група на СДСМ веќе упати писмо до претседателот на Собранието, со кое регира за ова непостапување за Законот за бранители. Зошто сега ВМРО-ДПМНЕ сака да го спаси Гаши од одговорност и повторно да ја врати постапката назад?Нема потреба од очајни маневри, многу е едноставно. Наместо да коленичи Мицкоски нека го повика Гаши да ја свика комисијата и да го почитува собранискиот деловник.“, велат од СДСМ.
Изет Меџити вчера го повтори ставот на Вреди дека Законот за бранителите за нив не е приоритет. Предлог законот поднесен од пратеничката Славјанка Петровска, само го покажува лицемерието на СДСМ, која ништо не направила за бранителите иако 8 години беа на власт, дополни Меџити.
Од албанската опозиција, најавија дека ваков закон е можен само доколку и двете страни кои учествуваа во конфликтот во 2001 добијат исти права и бенефиции. Предлог закон за бранителите и членовите на нивните семејства по скратена постапка е поднесен и е предлог на пратеничката Славјанка Петровска.
Неодамна таа обвини, дека законот собранискиот спикер го чувал во фиока два месеци. Од Левица пак најавија дека ќе поднесат кривична против Гаши, зашто јасно кажал дека нема намера да ја свика Комисија за Законот за бранителите.

