ВМРО-ДПМНЕ и ВРЕДИ разговараат за промена на државниот грб 

Партиите од владејачката коалиција, ВМРО-ДПМНЕ и Вреди, го отвориле прашањето за промена на државниот грб, изјави премиерот Христијан Мицкоски. 

„Ние сме една од двете пост-социјалистички држави што се уште го имаат стариот државен грб, со некои мали модификации“, рече Мицкоски. 

Премиерот потсети дека договор за менување на државниот грб имало и меѓу ВМРО-ДМПНЕ и ДУИ кога тие беа во иста влада.