ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ со вкрстени копја поради „Рекет“, а колатерална штета од тоа е законот за СЈО
Foto

ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ со вкрстени копја поради „Рекет“, а колатерална штета од тоа е законот за СЈО

Продолжуваат обвинувањата на релација власт – опозиција за случајот „Рекет“. За вмро дпмне ,Катица Јанева и обвинителите на сјо повеќе немаат кредибилитет, бидејќи молчеле за целиот криминалот кој што се случува.

Од партијата велат дека постојат сериозни сомневања дека на сметката на невладината на Бојан Јовановски легнале 260 илјади евра за затворање на предмет кој првично не бил во надлежност на ОЈО, но преминал поради поврзаност со предметот „ТНТ“.

„Само една недела по доаѓањето на власт на СДСМ на 7-ми јуни, Бојан Јовановски односно Боки 13 го отвора „Меѓународен сојуз“ и на самото отворање се редат сите инволвирани во случајот „Рекет“ во моментот во кој што можеме да ги видиме и чуеме. Значи планот бил разработен, рекетарите подготвени, само требало основање, односно основачко собрание на пералницата на пари од рекет и целиот план да почне да функционира.“ - изјави Димче Арсовски од ВМРО-ДПМНЕ.

Од СДСМ пак велат дека сега откако првиот човек на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицковски, признал дека се сретнал Заран Кичеец, да каже дали во Унгарија разговарал и со Никола Груевски.

„Со кого Мицкоски се координира за да ја спречи интеграцијата на Република Северна Македонија во НАТО и ЕУ? Очигледно на Мицкоски му е мала сопствената земја за да ги сокире шемите негови против напредокот, реформите и правдата.Улогата на Мицкоски посетепено се потврдува. Нема да успеваат неговите обиди да ги одбрани криминалите на тајкуните на режимот на ВМРО-ДПМНЕ.“ - изјави Костадин Костадиновски – портпарол на СДСМ.

Вчера на распит во јавното обвинителство се појави Бурим Рустеми, кој сведочеше за прашања поврзани со истрагата „Поштенска банка“, која ја води тој во СЈО. Покана за исказ е испратена и до специјалната јавна обвинителка Катица Јанева која се очекува да сведочи во вторник. На почетокот на неделава, искази во Обвинителството за случајот „Рекет“ дадоа и специјалните обвинителки Елизабета Јосифовска и Лиле Стефанова, чие што име се слуша во снимките кои ги објави италијанскиот весник „Ла Верита“.

Барања за ефикасна и темелна истрага за случајот „Рекет“ постојано пристигнува и од преставници на меѓународната заедница, кои потенцираат дека со ова е ставено на тест владеењето на правото и правната држава.

0 Коментари

Остави коментари