ВМРО ДПМНЕ и СДСМ и денеска се „надмудруваат“ за уставните измени

Осми ден по лидерската средба, двете најголеми партии продолжија со натегањата и надмудрувањата кој што прифатил или не прифатил за уставните измени.

ВМРО ДПМНЕ го прозиваат Ковачевски да се изјасни за еден од нивните два предлога без тоа велат, нема основ да продолжи било што поврзано со процесот.

Од СДСМ секојдневно поентираат дека напредок било тоа што Мицкоски и ВМРО ДПМНЕ  прифатиле да се менува уставот за влез на бугарите во него.