ВМРО-ДПМНЕ и Левица поднесоа интерпелација за Талат Џафери

Опозициските партии ВМРО-ДПМНЕ и Левица поднесоа интерпелација за претседателот на Собранието, Талат Џафери бидејќи собранискиот спикер на Самитот „Европски парламент – западен Балкан“ официјално се обрати на албански јазик што е спротивно на Уставот на државата.

Му замерија за начинот и примената на албанскиот јазик во Собранието, како и за гласањето на пратениците во Собрание.