ВМРО ДПМНЕ: ДУИ прави драма пред Уставен суд, а главната цел им е да ги скријат своите криминали

 

ДУИ со драмата што ја прават пред Уставниот суд сака да ги скрие своите криминали и на партнерите од СДС и затоа прават протест, велат од ВМРО ДПМНЕ. Драмата на ДУИ пред уставен суд е режирана заедно со СДС и очигледно е организирана од политичари вмешани во криминални дејствија. ДУИ и СДС имаат страв дека ќе одговараат за сите криминали и предавства што ги направија, па организираат протест пред Уставен суд, за да не завршат во друг суд, нагласуваат од ВМРО ДПМНЕ.