ВМРО-ДПМНЕ денеска бира нов Извршен комитет
Foto

ВМРО-ДПМНЕ денеска бира нов Извршен комитет

За денеска е најавено заседание на Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ каде се очекува да биде изгласан нов состав на Извршниот комитет на партијата.

Информациите се дека ИК ќе биде помал од претходниот и во него ќе има неколку нови имиња со што ќе се даде дополнителна тежина и динамичност/ Воедно, информациите се дека новиот Комитет ќе се потпира на луѓе кои се долго во партијата. Наводно, че има и неколку членови од претходниот состав чиј мандат се уште не е истечен.

Централниот комитет на опозициската партија изгласа нов статут, па беше избран нов претседател на Унијата на млади сили и нов Извршен комитет на УМС на партијата.

На седницата на ЦК која е закажана денес, во 18.30 часот ќе се расправа и за прашања поврзани со резултатите на предвремените парламентарни избори одржани летово.

 

0 Коментари

Остави коментари