ВМРО-ДПМНЕ бара укинување на техничката влада, ДУИ не се откажува од премиер Албанец на Пржинска влада
Премиерот Албанец на Али Ахмети нема да го извади Христијан Мицкоски од техничката Влада, потврдуваат за ТВ 24 високи партиски извори. Според истите извори, иако лидерот на опозцијата ќе седне на маса со премиерот со барање да се поништи Пржинската влада, сепак доколку како што велат дека СДСМ не смогне сила да се откаже од Ппржинската влада.
Според истиот функционер, Мицкоски нема намера да се откаже од местата што и припаѓаат на опозицијата спред законот за влада, во интерес на опозициската тројка од албанскиот блок.
Првиот опозиционер официјално и денска со порака дека техничката влада требва да биде дел од минатото.
И додека агендата на Мицксоки за лидеркста средба е позната и подготвена, од СДСМ освен што одбија да се укине Пржинската влада и се премислија за двојни избори, се очекува Димитар Ковачевски да се појави со усогласен став со коалицискиот партнер Али Ахмети за тоа дали со премиерот на ДУИ, СДСМ ќе го добие претседателското столче на Талат Џафери. Официјално, Ковачевски и денеска само ја најави лидерската средба.
Во фокусот на тројката од албанскиот опозициска тројка е пак комплетирањето на ДИК, односно конкурсот заврши и тие не се откажуваат од нивниот кандидат. Освен местото на Кренар Лога во ДИК кое остана празно, откако Арбен Таравари влезе во Влада, а за кое и Беса и Алтернатива и Демократското движење на Изет Меџити, но и АА сметаат дека им припаѓа нив, комисијата ќе остане и без членот на СДСМ Борис Кондарко ако биде избран во новиот состав на ДКСК. Сепак дел од функционерите од овој блок не исклучуваат опција дека и тие би требало да добијат место во техничката влада.
- Ние од Европскиот сојуз за промени од лидерската средба очекуваме две работи - потврда дека изборите ќе бидат двојни, но и конечно комплетирање на ДИК со кандидатот на единствената опозиција, односно со нашиот кандидат, бидејќи законот е јасен и тоа место и припаѓа на актуелната опозиција. - вели Зекирија Ибрхими од Алтернатива.
Во Мала Речица пак како што објави ТВ 24 се начисто дека премиерот е нивен, но се уште е отворено прашањето околу евентуалната ротација со местото на Џафери на кое инсистира СДСМ. Дополнително, иако начелно има договор дека Ахмети ќе застане зад кандидатот за претседател на СДСМ, и за заеднички листи со СДСМ, иако според функционери на ДУИ има сериозни дилеми колку таква коалиција би ја постигнала целта 61 пратеник, особено ако Таравари опстане на зборот да оди сам на избори.