ВМРО-ДПМНЕ бара собраниска расправа за загадениот воздух, СДСМ вели обезбедени 21,5 милиони евра

Собраниска расправа за загаден воздух ќе бараат пратениците на ВМРО ДПМНЕ порача денеска кординаторот на пратеничката група Никола Мицевски кој рече дека го информирале законодавниот дом за алармантната состојба со воздухот во Скопје. Вперувајќи го прстот кон актуелната власт посочи оти како што рече таа е виновна за тоа што Македонија станала држава со најзагаден воздух во Европа. Расправата ќе бараат да се одржи во Собраниската комисијата за Транспорт ,врски и еколигија.

„Загадувањето руши рејтинзи и Македонија е држава со најзагаден воздух.“ - вели Никола Мицески Кординатор на ВМРО ДПМНЕ.

Од СДСМ пак писмено со соопштение денеска вратија оти борбата со аерозагадувањето е стратешки приоритет на Владата предводена од СДСМ, за разлика од  онаа на ВМРО-ДПМНЕ која како што наведуваат уништила се што е здраво и зелено . Во соопштението наведуваат и дел од мерките кои се превземаат за да се надмине аерозагадувањето.

„Со усвоениот План за чист воздух, 10 илјади домаќинства ќе бидат приклучени на парно греење, 20 илјади домаќинства ќе ги променат старите нееколошки печки на дрва, 15 илјади семејства имаат шанса да ја подобрат енергетската ефикасност на домовите, 3.000 семејства ќе добијат приклучок за гас. Истовремено, ќе се засили и инспекцискиот надзор и контрола, а ќе се субвенционира набавката на еколошки автомобили.“

Проблемот со загадувањето на воздухот особено во Скопје станува актуелена тема  за време на зимскиот период. ладата од буџетот за 2019 година годинава има издвоени 21,5 милиони евра, односно 0,6 отсто за намалување на аерозагадувањето.