Влупно дваесет и пет години затвор за „Организаторите на 27 април“
Foto

Влупно дваесет и пет години затвор за „Организаторите на 27 април“

25 години вкупна казна затвор досуди денеска Кривичниот суд Скопје за четворицата обвинети за организација на упадот во Собранието на 27 април 2017 година. Трајко Велјаноски, Миле Јанакиески, Спиро Ристовски и Владимир Атанасовски се осудени на казна затвор од шест до шести пол години затвор поединечно.

Во образложението на пресудата, судијата Илија Трпков меѓу другото рече дека амнестијата со која беа ослободени дел од извршителите не упадот е една од причините за минималните казни за организаторите. Тој се осврна и на отежнителните околности.  

Обвинителката Гордана Смаќоска незадоволна од пресудата најави жалба и изјави дека е зачудена од минималните казни. 

А незадоволна е и одбраната. И адвокатите најавија жалба и прашаа за што точно се осудени нивните штитеници. Освен пресудата реакции предизвика и барањето на обвинителството на осудените да им биде изречена мерка притвор. 

Судот го одби барањето за притвор, но на осудените им изрече мерка куќен притвор. 

По пресудата реагираа и од ВМРО-ДПМНЕ. За нив ова е изживување со политичките непријатели на Заев. За Алијанса за Албанците и Алтернатива пак сметаат дека со минималните казни се покажува, како што велат од коалицијата, судството е заробено од актуелниот режим.

Осудените имаат право на жалба во рок од 15 дена од примањето на пресудата. Во овој случај обвинети беа и поранешниот премиер Никола Груевски како и поранешниот началник во УБК, Никола Бошковски. Но ним не им се судеше затоа што не им се достапни на полицијата и обвинителството.

Со денешната пресуда се заокружува правната постапка за случувањата од 27 април 2017 година. Претходно за истиот настан беа судени и осудени 9 луѓе за обидот за убиство на Зијадин Села, осуден беше и напаѓачот на министерката за одбрана Радмила Шеќеринска како и извршителите на упадот во Собранието. 

0 Коментари

Остави коментари